Dutch English French German Italian Russian

УАПСЕНА ХАКЕРСКАТА ГРУПА НА САЈТОТ КУРАТИЦА

Ниво на корисникот: / 11
НајлошоНајдобро 

Синоќа во неколку наврати имаше обид за хакирање на сајтот Куратица, но со брза интревенција , се е спречено. Хакерите се од соседството, поточно од   селото Плаќе .

 

 

Во неколку наврати успеале да направат упад во сајтот , и да постават нивни информации.  При првиот обид беа поставени  фотографии од неколку канти со сирење , па  во вториод обид  фотографии од стада овци и име на хакерската група. Хакерите се фатени  и се во притвор во затворот Куратица, при што утрово беа сослушани. Според првичните информации, целта на  Хакерите била да им докажат на Курајчани дека нивното сирење е поквалитетно дека имаат повеќе овци од Курајчани и дека можат на Курајчка територија да ги пасат овците, па тргнати со своите стада накај Куратица  да ги измерат силите. На хакерите ке им се суди по принцип   ПАМТИ ПА ВРАТИ. Таквото правило  е поради тоа , кога пред педесетина години една група Курајчани  биле  на територијата од Плаќе (Плаќенска планина) по планински чај, па истите  беа фатени од Плаќенските власти , и беа казнети со носење ушка од Плаќенска планина до Плаќе.

Повеќе информации околу инцидентот и пресудата на Курајчките власти во текот на утрешниот ден .

 

 

 

(овој  текст нема никаква врска со реалноста  туку нека  ве отргне од секојдневните политички „ГЛУПОСТИ„  и добро ве насмее :)  )

 

 

Сите права заштитени  од Курајчките власти  ;) ! ! !


AddThis
АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА