Следно > |
---|
Недела на 10.09.2017 ФК Рудар од ќе прослави 40 години натпреварување во Охридската фудбалска лига.
По повод овој јубилеј, се организира пријателски натпревар помеѓу ФК Рудар од едната страна и Ветерани ФК Рудар од другата страна.
Натпреварот почнува во 15.30 часот на стадионот во Куратица. Ова е посебен момент за спортот во Охрид, бидејќи нема екипа со толку години натпреварување во низа. Сите на некој начин се откажувале, ама Рудар не. Спортот живее во Куратица, спортот ги обединува луѓето.
Воедно со овој натпревар Рудар ги започнува и подготовките за претстојната сезона.