Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 3
НајлошоНајдобро 

Рудар се избори за полуфинале во куп натпреварувањето.

Пред почетокот на овој натпревар беше дадено едно минутно молчење за починатиот Миле Симоноски, поранешен играч на Рудар, кој пред два дена си го одзеде животот.

alt

 


Стартни 11 за Рудар со стандардна формација 4-3-3: голман Христијан Сидороски, одбрана Марјан Камнароски, Митко Божиноски, Милчо Котоски, Александар Колески, средина Михаил Крстаноски, Гоце Петкоски (заменет во 80 мин од Христијан Јанкулоски), Никола Трајчески, напад Дарко Котоскки, Пеце Ристоски и Гоце Јосифоски.

Клупа за резерви: Христијан Јанкулоски, Никола Балоски, Никола Аврамоски, Христијан Јосифоски, Гоце Балоски, Ристе Петкоски.


Во тежок и неизвесен натпревар пеналите беа пресудни. Натпреварот одлично го започнаа гостите од Вапила уште во 10 минута поведоа со 1-0. Следеа многу шанси во кои главна улога имаше голманот на Рудар и не дозволи резултатот да биде уште поголем за Вапила. Крајот на првото полувреме го одбележа доминација на Рудар и гол за израмнување преку Михаил Крстаноски.


Вториот дел започна доста тензично на двете страни. Поконкретни фудбалерите на Рудар, тоа се исплати со водство во 60 минута преку Гоце Јосифоски. Кон крајот на вториот дел од корна Вапила израмни на 2-2 и се избори за пенали кои се изведуваа веднаш по 90 мин, бидејчи во купот на Охрид такво е правилото.


alt

 

На пенали победи Рудар, а за тоа придонесоа головите на изведувачите Александар Колески, Милчо Котоски, Христијан Сидороски, и Михаил Крстаноски, а Христијан Сидороски голманот на Рудар одбрани два пенали. Вкупен резултат во пенали 4-3.

За играч на натпреварот е избран голманот на Рудар.


Понатаму Рудар во полуфиналето од купот ќе се сретне со екипата на Воска.


Следен натпревар во првенството за Рудар е повторно Воска, во недела 19,04,2015 со почеток во 17,00 часот на стадионот Грашница.

 

 


AddThis
АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА