Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 4
НајлошоНајдобро 

На надморска височина од 1 100 мнв, во една недопрена, чиста и импресиван природа недалеку од Охрид лежи селото Куратица.

Место кое навидум зборува самото за себе, специфично рурлано подрачје кое сеуште опстојува, наспроти временските прилики. Порано Куратица броела преку 1000 жители, но денес има околу 300 постојани жители, кои секако се горди на своето место, каде што живеат, место кое облагородува со енергија.

Постојаниот динамичен живот во поголемите центри, особено економската криза и борбата за подостоен живот направиле голем број жители да ги напуштат своите родни огништа и да заминат во далечните земји, Австралија, Америка, Швајцарија, Германија, но сепак желбата да се зачува споменот и мислата по родниот крај останал во сите нив, без оглед на големата оддалеченост, копнежот некогаш е поголем и непроценлив со ниту едно светско богатство. Човекот не е богат ако има многу пари, туку напротив богат е ако има пријатели и свои блиски со кои повторно може да се види, да сподели спомени од местото каде потекнуваат неговите корени. Повторното видување, особено престојот на својата родна грутка, причинува посебно чувство кај секој кој сетил како е да се биде далеку од неа. Средбите со својот роден крај се непроценливи, тие оставаат силен впечаток на една незаборавна и неповторлива трага во животот на секој човек.
Токму затоа и оваа година Советот на Месната Заедница од с.Куратица ќе ги организира „Курајчките средби 2011„.

Затоа сите кои се од Куратица имаат пријатели од Куратица , слушнале за Куратица или пак сакаат да поминат една убава незаборавна вечер, да дојдат на 13 (сабота). 08 .2011 од 19:00 часот на Курајчкото Средсело.

За вечерта да ви биде поубава ке се погрижи Група „Селект Бенд„ и Елена Велевска.



За контакт и резервации на: www.kuratica.eu , mail : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Тел: +389 75 657 999
+389 75 607 705

Претседател
Ангелоски Горан


AddThis

благодариме за вашиот коментар

АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА