Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица- Голема Богородица, Куратица оваа година има со што да се пофали.

Овој голем празник кој секоја година традиционално се одбележува во истоимената црква, годинава ќе биде збогатен со многубројни активности но и новитети кои се збогатени од страна на донации во селото. Оваа година  донирано е црковно звоно во манастирот Пресвета Богородица, изградени се комплетно современи тоалети, како и трајна бина, која ќе има намена особено за прослава на овој голем празник.

 Од страна на фамилиите Јосифоски Јово и Душка донирано е црковното ѕвоно, Бошко Секулоски со фамилијата изгради комплетно модерно опремени 7 тоалети, додека пак Ангелоски Горан со фамилијата ја изгради комплетно опремената бина, која ќе биде наменета посебно за прославување на овој голем празник. Што се однесува до ѕвоното, тоа е донесено од Ливница Лиграп, Република Србија. Ова ѕвоно кое ќе биде дел од манастирот Пресвета Богородица е тешко 104кг. Вкупната донација изнесува над  10 000 евра.Следна предвидена активност е комплетно уредување на веќе започнатите 10 конаци .

 

-Прославата на празникот започнува како и секоја година ден пред големиот празник. Оваа година тоа е во Сабота, после свечената литургија од 18 часот ќе има традиционална вечера  од страна на кумот збогатено со општонародна веселба со оркестарот Маестрал и Даниела Темелковска, а следниот ден односно 28 ми Август  од 13 часот, кое ќе биде проследено со ручек и дополнителна забава со група Ритам


Тимот  на "Мариово филм", оваа година ќе снима документарен филм за прославата на овој голем христијански празник во Куратица. Сите овие најавени активности, претставуваа доволна причина овој викенд Куратица да биде посетена од сите добронамерни минувачи , но и верници со цел помасовна прослава на празникот.


AddThis

благодариме за вашиот коментар

АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА