Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Со тргнување на Василичарската поворка од крај василичарскиот оган, на 13ти јануари во 18 часот ќе се означи почетокот на овогодинешниот, 18ти по ред  Курајчки карневал.


Според традицијата, предвидено е курајчките василичари да ги посетат сите куќи во Куратица, каде традиционалните маски зетот и невестата ќе бидат дарувани од страна на домаќините, а со нив пропратни традиционални маски се и валегачот, бајачот како и придружната група од 300 учесници.

“Како и претходните години така и оваа карневалот има натпреварувачки карактер, при што ќе се избираат најинтересните маски во сите категории, возрасни и деца. Морам тука да напоменам дека оваа година своја огромна поддршка даде и Општина Охрид во целосната афирмација и организација на нашиот карневал”, истанува претседателот на месната заедница од Куратица Горан Ангелоски.

Карневалската курајчка традиција ќе продолжи на 14ти јануари, каде оваа година во поладневните часови ќе биде поделена традиционалната храна варејнца како и пијалок за сите кои не би можеле да учевствуваат на завршната церемонија, поконкретно за постарите лица.

Официјалниот дел од карневалот ќе започне во 18 часот каде атмосферата се очекува дополнително да биде подгреана со настап на групата Маестрал од Битола.

“Околу 22:30 часот ќе следи прогласувањето на најдобрите маски , чин кој ќе биде проследен со богат огномет, впрочем како и секоја година. Според податоците кои ги изнесуваат постарите жители на Куратица , велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Податоците говорат дека мескирањето за овој голем празник посветен на Светиот Василија Велики датира од далечната 1575 година. Традиција која се пренесувала од колено на колено па се до денес”, додава Ангелоски.

Карневалското лудио ќе беде заокружено после полноќ, како и секоја година, а со тоа ќе биде означено упте едно празнување посветено на Светиот Василиј Велики.

Весна Баштованска


AddThis

благодариме за вашиот коментар

АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА