Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Традиционално вечерва како и секоја година на средселото се пали бадниковиот оган .

Коледарските огнови се симбол на вечната Божја светлина, верниците се собираат околу огнот, наздравуваат и се благословуваат, очекувајќи го големиот ден, Божиќ. Некои стари народни верувања велат дека со палењето на бадниковиот оган ќе изгорат сите лоши и штетни работи и ќе се избркаат злите демони, за со чиста душа да се дочека раѓањето на Исус.Додека пак следното утро младите коледарчиња низ Куратица , со коледарски песни го најавуваат   Бадник, предвесникот на Божиќ. Тие тропнат низ повеќето куќи во Куратица каде од страна на домаќинките ќе бидат  пречекани и дарувани со овошје, ореви, костени и други различни плодови.

За присутните здружението ќе се потруди да додели топла ракија и вино.Големата снежна покривка придонесува дополнително за убава веселба на Курајчкото средсело.

Бадниковиот оган  ќе гори се до Василица, со одржувањето на Курајчкиот карневал, кој е од традиционален карактер на ова поднебје.

 


AddThis

благодариме за вашиот коментар

АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА