Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Согласно Стратегијата за одржлив локален економски развој на Општина Охрид, и стратешките цели во областа на туризмот, главна намена и цел на проектот е да придонесе во постигнувањето на дефинираните стратешки цели и е во согласност со стратешката цел за дефинирање на туристичкиот производ и понуда и нивна презентација и промоција, како и со стратешката цел во областа на културата, културно-историското и природно наследство за изнаоѓање на нови форми и активности за координиран и одржлив развој на културното и природното наследство

 

 

 

Деновиве започна со реализација на проектот Курајчко средсело со кој е предвидено до одредена висина рушење стариот руиниран објект поставување на нов кров, уредување на простор со скара и шанк кој ке служи за сите манифестации ,како  и зачувување на неговата автентичност(камен).Години наназад претставуваше голема опасност за случајните минувачи, посетителите на селото при одржување на било какви манифестации,секако и туристите кои го посетуваат Куратица во текот на целата година.

Вкупната Вредност на проектот изнесува  130 000 денари , од кои 70% (100 000 денари )се на Општина Охрид преку Секторот за локален еконосмски развој , 30% е учество на Месната заедница с.Куратица.

 

Проектни резултати 

  1. Зголемена е промоцијата на Василичарските и карневалски манифестации, Државни спортски натпреварување , посетеност  од домашни и странски гости во селото Куратица,  .

 

  1. Промовирана е Општина Охрид во поддршката на развојот на туризмот и локалниот економски развој,

 

  1. Функционално е подигната и уредена  инфраструктурата на јавниот селски простор, со што ќе е овозможено негово функционално искористување во развојните цели на селото (туристички, спортски, економски),

 

  1. Анимиран е  уште поголем број на посетители, гости и туристи во селото, на самата манифестација, и подигнато  нивото на манифестацијата како национален, културен настан поврзан со зачувување на културата и културното наследство.

AddThis

благодариме за вашиот коментар

АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА