Dutch English French German Italian Russian
Ниво на корисникот: / 10
НајлошоНајдобро 

Селото Куратица се наоѓа на 21 километар североисточно од Охрид или на 5 километри северно од патот Охрид - Ресен. Сместено е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 метри) на надморска висина од 1080 метри. Заради конфигурацијата спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала. Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во народноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа килимарницата изградена во текот на 1982 година, што работше во состав на 33 „Рашанец" до деведесетите.


AddThis
АНДРОИД АПЛИКАЦИЈА